И во Македонија може да зборувате во роаминг

Bez autora
Aug 15 2013

Македонски туристи се вратиле со огромни сметки за мобилен телефон од летување во туристичките места близу до границите со соседните земји. Иако ниту еднаш не излегле од земјата, забележале дека многупати телефоните им се префрлале на странски мрежи, а сите разговори и користењето на интернет им биле регистрирани како роаминг услуга. Во Охрид, Струга, Дојран, Битола... престојот во градовите во пограничниот појас може да биде ризичен и да резултура со астрономска сума на сметката, особено ако граѓаните не се подготвени дека префрлување на странска мрежа може да им се случи и дома. Но, не само таму, СМС порака со содржина „добредојдовте во Косово“ добивате и кога пешачите на Водно. Ова неодамна им се случи на повеќе граѓани на кои случајот им се видел толку необичен што го пријавиле и кај операторите и на надлежните институции.

И во Македонија може да зборувате во роамингМакедонски туристи се вратиле со огромни сметки за мобилен телефон од летување во туристичките места близу до границите со соседните земји.

Иако ниту еднаш не излегле од земјата, забележале дека многупати телефоните им се префрлале на странски мрежи, а сите разговори и користењето на интернет им биле регистрирани како роаминг услуга. Во Охрид, Струга, Дојран, Битола... престојот во градовите во пограничниот појас може да биде ризичен и да резултура со астрономска сума на сметката, особено ако граѓаните не се подготвени дека префрлување на странска мрежа може да им се случи и дома.

Но, не само таму, СМС порака со содржина „добредојдовте во Косово“ добивате и кога пешачите на Водно. Ова неодамна им се случи на повеќе граѓани на кои случајот им се видел толку необичен што го пријавиле и кај операторите и на надлежните институции.

Една скопјанка, пак, за минатиот месец добила сметка од речиси 100 евра, иако вообичаено сумата за телефон не надминувала 1.000 денари.

„Кога ја видов сметката за телефон си помислив дека ќерка ми телефонирала некаде без мое знаење и направила голем трошок. Но, потоа кога ја погледнав деталната листа утврдив дека додека сме биле во Дојран, телефонот, додека ноќе автоматски се ажурирале некои апликации, всушност, се префрлал на грчка мрежа и користел интернет во роаминг“, вели Ана Димитрова.

Објаснува дека веднаш отишла да се пожали до операторот, но приговорот не и' бил уважен и сметката од близу 6.000 денари ќе мора да ја плати. Револтирана е што ниту еднаш, при посетата на продажните пунктови на операторот не и било укажано дека и тоа може да се случи, и без да излегува надвор од земјата.

Семејство од Битола, пак, кое викендот решило да го помине на излет во едно од пограничните села, дома се вратило со двојно повисока сметка за телефон.

„Во еден момент решив да си ја проверам моменталната состојба на сметката и многу се изненадив. Веднаш се јавив кај операторот и ми кажаа дека ми се регистрирани разговори во роаминг, иако не сум бил надвор од земјата“, вели битолчанецот Марјан Михајловски.

Во Агенцијата за електронски комуникации посочуваат дека вакви случаи има многу, а приговорите допрва ги очекуваат. Од АЕК советуваат граѓаните редовно да се информираат на нивната интернет страница, да ги читаат и да ги применуваат нивните совети. Особено, велат, е важно да се заштитат така што на телефоните ќе ја оневозможат можноста за автоматско префрлување на други мрежи и секогаш кога ќе излегуваат од земјата самите да го изберат операторот преку кој ќе функционираат.

„Очекуваме во идниот период, како што ќе доаѓаат сметките за телефон, така да пристигнуваат и приговорите кај нас. Минатата година имаше многу, веројатно ќе ги има и годинава. Граѓаните треба првенствено да се обратат до својот оператор, а доколку таму не им биде прифатен приговорот, тогаш можат да се пожалат и кај нас“, вели Владимир Ристевски, советник за анализа на пазари во АЕК. Тој вели дека секој случај поединечно се разгледува, а најчесто приговорите се прифаќаат кога операторот не испратил СМС порака дека мрежата е променета. Доколку, пак, корисникот бил информиран дека зборува на странска мрежа, а не го забележал тоа, тогаш ќе треба да си ја плати сметката, објаснуваат во АЕК.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik